Мицкоски: На 5 мај ќе ги пратиме на темната страна на историјата

263

На 21 април граѓаните со поддршка за кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова го победија злото, вистината наспроти лагата, а тоа ќе го запечатат и во вториот круг на 5 мај кога повторно ќе се обединат и ќе застанат рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ давајќи целосна поддршка на Силјановска Давкова и на правото и правдата, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан  Мицкоски од средба со граѓаните на општина Кочани, Кочанско Оризари и општина Чешиново Облешево.

– На првиот меѓник победи доброто наспроти злото, вистината ја победи лагата, правдата ја победи неправдата. Јас сум убеден овој пат конечно ќе расчистиме со овие транзициони политички измамници кои што за жал се денеска секојдневие во Република Македонија и ќе ги пратиме онаму каде што им е местото, на темната страна на историјата – вели Мицкоски.

Тој додаде дека ги омаловажувале, понижувале и дека никој не верувал во ова што денеска е ВМРО-ДПМНЕ, никој не верувал во нивната победа.

– Но, ние успеавме во 47 општини во Република Македонија да се издигнеме како феникс од пепел, да се обединиме, да застанеме рамо до рамо, да ги убедиме нашите сограѓани во нашите вредности, во вистината, во правдината, во правдата, наспроти неправдата, лагите, манипулациите, честитоста наспроти нечеститоста. Ги убедивме нашите сограѓани во љубовта кон нашата татковина, во љубовта кон Македонија. Јас сум убеден дека истото тоа заедничко овие преостанати неколку дена сите заедно ќе го сториме не само овде во Кочани туку секаде во Македонија и ќе издвојуваме една огромна победа за Гордана, за Македонија, но и за ВМРО-ДПМНЕ – кажа Мицкоски.

На средбата во Кочанско Оризари пред присутните граѓани, Мицкоски стави посебен акцент на како пто вели, сите празни ветувања од страна на СДСМ и Заев, нагласувајќи дека и покрај сите ветувања земјоделците единствено што добиле од СДСМ и Заев е потценување на нивната мака и труд.

– Кочанско Оризари одбира правда. Земјоделците велат власта ниту едно ветување не оствари од оние кои ги даваа пред изборите. Земјоделците не се задоволни зошто државата им го потценува трудот. Земјоделците не се плашат и земјоделците ќе одберат правда за Македонија – вели Мицкоски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...