Мицкоски на појадок со Могерини се пожалил дека власта врши политички терор

192

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имал работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

На средбата се разговаралло за европските интеграции на државата, најновиот извештај на Европската комисија и нотираните недостатоци.

Мицкоски истакналл дека Европската Унија и е потребна на Република Македонија како начин за подигнување на стандард на граѓаните, повисок квалитет на живеење и споделување на заедничките вредности.

„На тој план ВМРО-ДПМНЕ даде свој придонес давајќи суштински забелешки кои беа инкорпорирани во реформските закони кои беа донесени, со што партијата се водеше од државните интереси и интересите на граѓаните кои за ВМРО-ДПМНЕ се на прво место“, се вели во информацијата од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски изразил загриженост за економската стагнација во државата, корупцијата која е широко распространета и случаите кои отвараат сериозен сомнеж за криминал во кој се вмешани највисоки преставници на власта.

„Политичкиот терор е широко застапен, и тој се одвива на повеќе нивоа како начин на пресметка на власта со неистомислениците, притисоците врз медиумите и недостатокот на демократски амбиент е сериозен предизвик кој државата ја уназадуваат во повеќе сфери“, истакнал Мицкоски.

Мицкоски посочил дека Република Македонија мора да го продолжи патот кон Европската Унија, се до нејзино целосно интегрирање, а за тоа е клучна и поддршката од пријателите од Европската Унија кои мора одблиску да ги мониторираат процесите и волјата на владата да работи на надминување на нотираните забелешки во Извештајот на ЕК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...