Мицкоски на средба со Кукан и Флекенштајн

421

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на  денешната средба со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн го повторил ставот дека неговата партија не може да го прифати Договорот со Грција зашто, како што рекол, е спротивен на македонските национални и државни интереси, а во иднина се отвора и можноста да биде искористен како правен механизам за блокада на македонските евероатлантски интеграции.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во текот на разговорите заедничка била костатацијата дека евроатлантската интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на државата, животниот стандард на граѓаните, како и за реформските процеси во правосудството, здравството, образованието,…

На средбата станало збор и за актуелната политичка ситуација во државата, а на Кукан и  Флекенштајн им било укажано и дека актуелната Влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...