Мицкоски: На крајот од дуелот ќе му кажам на Заев што мислам за бојкотот

883

Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, тој само треба да се охрабри, да не бега од вистината и да прифати дебата, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи во врска со ТВ дуелот кој тој го побара со премиерот Зоран Заев.

Реакцијата на Мицкоски следува откако Заев денеска изјави дека штом лидерот на опозицијата јасно и јавно каже дека е против бојкот, веднаш ќе излезе на ТВ дуел.

„А ако се плаши и си бара изговор тоа е типично за човек што знае да витка кичма и да се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност. На дуелот нема да може да дојде медиумската армадила под контрола на власта, ќе ги нема ниту оние партиски ширачи на невистини кои секојдневно парадираат лажно креирајќи розева слика, ниту пак некој од надвор ќе може да го брани, тој ќе е оставен сам на себе. Веројатно затоа не го пуштаат да излезе на дуел“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...