Мицкоски на Кораб го прослави Денот на независноста

Денеска Денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото, напиша Мицковски на својот фејсбук профил.

692

Хриситјан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на врвот Кораб го одбележи Денот на независноста. Тоа го објави и на својот фејсбук профил каде што напиша:

„Денес на 2.764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија. Денеска 8 септември Денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото. Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното, кога животот станува пекол, а секој од вас чувствува и знае дека ова денес не е она за што се бореа нашите во минатото и она што ние го сакаме денес. Затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина. А кој друг, ако не сите ние, и не затоа што е лесно, туку затоа Македонија е нашето се. Тоа е наше име и презиме, нашиот завет, она што сме и ќе продолжиме да бидеме. Среќен роденден Македонијо“ .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...