Дали очекувате Иванов да ги аболицира обвинетите од 27 април? Ова прашање вечерва во емисијата Клик на ТВ 21 му беше поставено на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од аналитичарите.
– Немам комуникација со Иванов и не знам. Драконски се казните од два века и кусур, поротник си даде оставка. Не толерирам насилство и ајде, нека одговараат за насилство. Несериозно е. Секој ден поминат, граѓаните гледаат со какви луѓе имаат работа. Гледаат што правите. Дали сте чесен политичар или итрец. На итреците им е кратко владеењето – изјави Мицкоски.