Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски убеден во победа на парламентарните избори во април 2020, најавува дека неговата влада сериозно ќе се позанимава со индициите за фабрикување извештаи од страна на Државниот завод за статистика.
– Доаѓаат сведоштва на сегашни и поранешни вработени во Заводот за фабрикување резултати кои претходно се диктирани на Илинденска бр.2. Ако ова се потврди, а следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се позанимава со тоа, ова нема да биде само срам за нашата држава туку и за меѓународните институции, кои благодарение и на овие извештаи донесуваат одлуки за кредити, за инвестирање итн. Тоа детално ќе го истражиме и апелирам до луѓето кои ги вршат овие притисоци, да престанат да ги малтретираат луѓето, а на овие од Заводот да не бидат соучесници во кривично дело – порача Мицкоски.