Мицкоски најави државна помош за нови фасади на домовите на граѓаните ВИДЕО

547

Лидерот на ВМРO-ДПМНЕ на денешната прес-конференција најави проекти од големо значење на граѓаните, односно проекти кои на секое семејство пола од трошокот за промена на фасада или прозорци ќе го покрие државата.

– Се обрзуваме на обнова која ќе овозможи енергетска обнова на домовите на граѓаните. Односно овозможување секое семејство да дојде до нова фасада и прозорци на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, односно 50% е на трошок од државата. Фактичката состојба покажува дека многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, а нивната обнова чини пари. Затоа се обрзувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасни прозорци во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина. Тоа за граѓаните ќе значи топол дом на зима, и ладен на лето и секако пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети и повеќе пари во семејствата – истакна Мицкоски.

Мицкоски, исто така најави и субвенционирање за 50% и на сончеви колектори, со што граѓаните ќе добијат бесплатна енергија, ќе заштедат повеќе пари, а ќе се овозможи заштита на животната средина

– Се обрзуваме на обнова која ќе овозможи за граѓаните набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50% од сумата ќе биде на трошок на државата. Ова значи дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи до 50 % субвенции на граѓаните за набавка на енергетски ефикасна опрема: сончеви колектори (фотоволтажни и термални, топлински пумпи, приклучок кон топлификациски системи) со што граѓаните ќе добијат бесплатна енергија, ќе заштедат повеќе пари, а ќе се овозможи заштита на животната средина – додаде Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...