Мицкоски му се пожали на Палмер дека власта не ги ферма ВИДЕО

1178

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес заедно со партиска делегација оствари средба со заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер.

На средбата Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешно- политички план и се членството во НАТО и ЕУ, и развој на односите со САД, информира партијата.

Притоа тој потенцираше дека државата, граѓаните и надворешните пријатели на Република Македонија стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта, како и креираните очекувања кои сега не се во состојба да ги реализираат.

Мицкоски, вели ВМРО – ДПМНЕ, посочи дека неодговорно, и антидемократски е што власта се одлучи на чекор да заобиколи компромис и одби да ги прифати аргументите на опозицијата во однос на формулирањето на референдумското прашање, кое треба да биде производ на општ консензус, а не едностран акт на парламентарното мнозинство. Со таквото однесување се нарушуваат демократските процеси, а од една одговорна влада се очекува соработка и принципиелен дијалог за вака едно чувствително прашање, додаде Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е клучно за Република Македонија да се фокусира на реформските процеси насочени кон создавање на посилна економија, правна држава, а се со цел зголемување на благосостојбата на граѓаните во Македонија.

Соговорниците се согласија дека процесот на Евроатланска интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување на стабилност во регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...