Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со чешкиот министер за надворешни работи, Томас Петричек му се пожалил дека Владата се занимава со политички прогон.
-Владата се занимава со политички прогон наместо со решавање на проблемите на граѓаните, а растечката корупција е присутна во сите сегменти во општеството. Новата матрица на исклучително самоволие на заевизмот ги уништува надежите за исчекор во било која област значајна за граѓаните – изјави Мицкоски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува европската интеграција на земјава и членството во НАТО, и напредокот треба да биде резултат на реформи и минат труд.