Минатата недела во Велес поминавме прекрасно, во градот на Рацин и Гемиџиите, ми се случи пех, се смееја, го објавуваа по сите портали. Јас ги разбирам, не знаат што е емоција, не знаат што е сентимент, но за мене и овие луѓе овде тоа е љубов и емоција и се вика Република Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на протест во Скопје.
Пред неколку дена на протестот во Велес, Мицкоски, во еден момент го заборави говорот.