Обично кукавици преку фејсбук се закануваат по луѓе и по политичари и по граѓани еве како сакате земете, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што помала казна. Сте сториле нешто има да одговарате. изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како одговор на писмото на Кумановската група од Диво Насеље во кое тие се заканија дека ќе ги гонат до крајот на светот Никола Груевски, Сашо Мијалков и Али Ахмети.
– Како можам да го коментирам освен да кажам дека тоа е уште еден обид да јавноста се дефокусира од сите овие злодела кои ги прави оваа криминална непотистичка и насилничка власт луѓето претпоставувам се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев притоа надевајќи се гледајќи каква е реалноста дека он може да измени закони доколку тоа му е неопходно на него и на тие околу него претпоставувам бараат определена милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму или нешто друго да се случи. Инаку како човек грозоморно и монструозно е да воопшто коментираме едни такви изјави од луѓе кои што се соочуваат со затворска казна која што е резултат на она што тие го сторија за време на кумановските настани односно на местото Диво Насеље. Обично кукавици преку фејсбук се закануваат по луѓе и по политичари и по граѓани еве како сакате земете, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што помала казна. Сте сториле нешто има да одговарате- рече Мицкоски.
Мицкоски денеска во локалните единица на Државната изборна комисија во Карпош се потпиша на претседателската кандидатура на Силјановска.
Тој при тоа го повика премиерот, Зоран Заев да овозможи опозицијата да предложи нов јавен обвинител, бидејќи како што рече јавноста ја изгубила довербата во правната држава.
-Правната држава во Македонија функционира по принципот дајте ми човек и ќе креирам обвинение – рече тој.