СДСМ има спот во кој се вели „пазете да не се врати ВМРО-ДПМНЕ пред 25 години!!!” Да бидам прецизен, пред 25 години СДСМ беше на власт, тоа е времето на Радмила Шекеринска, залетот на кланот Заеви во Струмица, првиот криминален занает на многумина кои сега се во врвот на партијата, пишува на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Пред 25 години СДСМ беше на власт и цветаше корупцијата, Радмила беше главна во младината на партијата, шверцот на цигари, првите рекетирања кои денес се усовршени, атентатот на Глигоров, протести, загубари, фабрики кои се затвораат, инфлација, сиромаштија. Тоа е времето на пропаста на Славија, Центро, Железара, на грабежот и пропаста на ТАТ. Семејството Заеви од просечно земјоделско семејство го започна картелот кој денес вреди милиони.Тоа беше нивното време пред 25 години.
Но, и сега не е поинаку. Истите криминални ликови се провлекуваат и денес. И затоа на овие избори мора да се поразат последните остатоци на транзицијата во македонската политика. 12 април е денот кога ова може да се порази, напиша Мицкоски.