СДСМ иако во предизборието ветуваа дека ќе донесат живот за сите граѓани, не само што не донесоа туку на сите граѓани во Република Македонија им го направија животот потежок. Ниту има домашни инвеститори,а странските исчезнаа и заминаа во соседните држави, државата од лидер во регионот сега е на последно место и нема нови инвеститори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНе Христијан Мицкоски на средба со граѓани на Берово.
Тој на беровци им порачал да не веруваат во лагите на Зоран Заев и да не потпаѓаат под влијанието на вакви политичари, да не веруваат во лаги како 13-та плата и со тоа дека сите проблеми ќе се решат.
– Сето тоа е една обична шарена лага за да вие дадете 13-та плата треба бизнисот да работи и да заработи 13-та палта, а бизнисот е на колена. БДП постојано ни паѓа, македонската економија е на дното во Европа. Од каде ќе најдат луѓето пари да дадат 13-та плата, они едвај овие 12 не можат да ги скрпат, не па да даваат дополнителна плата. Затоа апелирам до сите граѓани до македонската нација и до сите граѓани во Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност да не потпаѓаат на притисок да го сочуваат сопственото достоинство и да не му дозволат на Зоран Заев да го истера она што го наумил уште многу одамна да ја уништи сопствената нација и сопствената држава – цели Мицкоски.
Тој потенцирал дека Заев се бори да го смени името за да си ја задржи својата фотеља.
– Кога вели дека ќе викнел некој да не камшикува. Камшик му треба него, затоа што има држави во светот каде што престапниците и криминалците со камшикување ги казнуваат, среќа он се родил во држава како Македонија па такви казни не постојат. Ниту некој го камшикувал, ниту некој ќе го камшикува македонскиот народ, ниту во минатото, ниту тоа ќе биде случај во иднината – истакна Мицкоски.
Во врска со убедувањата за договорот со Грција кој велат дека е добар тој истакна дека договорот не е ни малку добар, ниту пак е некаков компромис туку капитулација.
-Знаеме дека договорот кој што го потпиша владата на СДСМ со нашиот јужен сосед не е ни малку добар, не ни компромис туку капитулација и затоа кажавме дека не можеме капитулацијата да ја прифатиме како лидерство, не можеме поразот да го прифатиме како победа и нашиот став е единствен и непроменлив а тоа е дека за ВМРО-ДПМНЕ овој капитулантски договор е неприфатлив – вели Мицкоски.