Мицкоски: Каква иронија, Заев стои пред споменикот на тие што ја градеа Македонија, а тој ја уништува

2495

Денес видовме една неверојатна иронија и лицемерие. Ги видовме луѓето од Владата поредени пред споменикот посветен на партизаните. Слика која во себе има многу спротивности. Горе ги имаме оние кои се бореле за Македонија и својот влог го потврдиле со своите животи, партизаните чие дело и денес се слави, а доле под нив ги имаме оние кои ја разградуваат и уништуваат Македонија, оние кои на дневна основа продаваат и распродаваат, тоа е владата на Зоран Заев.

Ова вечерва го напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по посетата на Прилеп, кој како што вели многу дал за Македонија, место на комитскиот и партизански непокор и пркос.

– Говореа за некакви промени, а единствените промени во Македонија се оние кој потврдуваат дека се оди кон полошо, говорат за некакво ослободено судство, а единственото што се ослободи е Зоран Заев од случај каде јасно се гледа што прави и што бара, потоа предвидувајќи и диктирајќи пресуди, говореа за инвестиции, а досега една лопота не фрлија, говорат за живот, а она што обичниот човек го чувствува е само чемер и јад -напиша Мицкоски.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...