Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на Светата литургија по повод чествувањето на католичкиот Божик во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
Мицкоски на Светата литургија по повод најголемиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ беше придружуван од членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
На божикната литургија присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов со сопругата Маја.