Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара предвремени парламентарни избори и формирање на техничка влада од 100 дена.
Во интервју за ТВ Алсат М, Мицкоски вели дека она што се случува во земјата ги поминува сите граници на нормално функционирање на една држава.
– Јас го разбирам тој дел и затоа велам сѐ уште додека повикуваме на мирен начин е потребно да се организираат предвремени парламентарни избори – додаде Мицкоски.
Тој во интервјуто вели и дека не исклучува можност и за протести, но нагласува дека е за мирни протести.
– Таман работа. Апсолутно секогаш мирни протести, секогаш организирање на мирни протести за опција за било која опозиција вклучително и за ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Република Македонија без разлика дали таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или останатите опозициони партии. Зошто тоа да не бидат и опозиционите партии од албанскиот блок- рече Мицкоски.