Демкоратската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција им даде на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и опозициските пратеници единица по математика и политика .
„Господине Мицковски, онака како што со метеорска брзина Ве донесоа на претседателската позиција на партијата, исто така со брзина на светлоста успеавте да го докажете, она што на никој досега не му успеа. Успеавте математички да докажете, како 1 + 1 = 0, па дури и помалку од 0. Односно за само неколку месеци како резултат на недоследната партиска политика која ја водевте, успеавте да регресирате математички, во негативна насока. Направивте 51 = 41, односно 41 = 40, а синојќа и како 40 = на една голема О. Успеавте со математичка прецизност да го доизиритирате целото партиско членство и јавноста“, велат од фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека Мицкоски не се наоѓа на политичката сцена и води „купи-ден“ политика која е распната помеѓу реалноста и фикцијата, безидејноста и импровизацијата, помеѓу немањето капацитет и храброст да се биде самостоен наспроти внатрешниот и надворешниот притисок, односно дневна политика распната помеѓу вистината и лагата, која како што наведуваат станала неизоставен елемент на дневно политичкото опстојување.
За интерпелацијата на Владата велат, се работи за ефтин политички театар, непотребен маневар за враќање во собраниските клупи на мала врата односно недоволно промислена дневно политичка авантура за реализација на нешто што и на малите деца им беше одамна јасно.
„Господине Мицковски, требаше некој претходно да ве поднаучи дека опозицијата не поднесува интерпелација за да ја зајакне позицијата на владата и да и даде дополнителен легитимитет, а себеси да се обезличи? Интерпелација не се поднесува за да се залечи и санира изгубениот владин кредибилитет, а да се наруши сопствениот. Интерелација не се поднесува кога поднесувачот нема доволен број гласови, и кога однапред знае дека истата е осудена на неуспех и кога истата нема да биде поддржана од другите опозициони партии. Знаете ли што направивте? Едноставно, покажавте несериозност, несигурност и недоследност на пратеничката група. Му дадовте одврзани раце на премиерот Заев во наредните месеци да прави онака како што замислил, и како никогаш досега, му дадовте шанса и можност на сметка на дезориентирана опозиција вешто да се изрекламира и да го санира изгубениот рејтинг“, велат фракционерите.
Тие го повикуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да каже на члеснтвото и јавноста дека тајно преговара за пакетот реформски закони и дека дал придонес во подобрувањето на нивната содржина, како и согласност за нивно дејствување.
„Продолживте и понатаму со водење на т.н „ми дадовте – се обидувам да ви вратам” политика. Наместо да поднесувате избрзана и однапред осудена на неуспех интерпелација кон наводниот ,,ваш лут противник”, со асистенција на верните довчерашни слепи извршители на вашиот ментор и претходник, Вие требаше јавно да се оградите искомпромитираните партиски личности и од досегашните водени криминални политики. Требаше да соберете сила и јавно во име на партијата да се извините и да побарате прошка од целата македонска јавност како и од поединци за стотиците монтирани кривични дела од страна на претходното државно и партиско раководство, за безмислосниот прогон на партиските неистомисленици, за сето сторено зло и криминал, лаги и манипулации од поранешните и од сегашните нејзини членови. Само така и на тој начин, ВМРО ДПМНЕ заеднички ќе го вратевме на вистинските позиции, а сите ние ќе бевме посплотени и многу посилни во одрана на интересите на граѓаните на РМ“, додаваат од Демократската Фракција.
Фркационерите нагласуваат дека партијата не смее да бие туѓи битки, туку треба да ја бие битката за прочистување во своите редови.
„Почитувани членови, почитувана јавност. ДПМНЕ и ВМРО се во сериозен расчекор и се соочуваат со значајна одлука во времето кое е пред нас и затоа сакаме посебно да се обратиме до пратениците кои треба конечно да се одлучат и да одберат: Дали и понатаму ке учествуваат во забрзаното пропаѓање на партијата во интерес на неколкумината кои од позадина сеуште ги влечат партиските конци или ќе учествуваат во изградба на современа, демократска и конструктивна партиска опозиција која ке се бори за достоинствена Македонија и која за кратко време и со нови сили ќе се врати на голема врата на македонската и европската политичка сцена“, истакнуваат од таму.