Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема никогаш да ја изговори придавката Северна дури и по цена да му го одземат мандатот за сосатвување влада. Ова тој го рече во дебатата на „Клик Плус“ на ТВ21.
– Нема да ја користам придавката на новото уставно име на Македонија па ако сакаат и нека ми го одземат мандатот – рече Мицкоски запрашан за тоа како би постапувал доколку би ја водел идната македонска влада.
На сугестијата дека треба да се обиде да привлече гласови и од албанската етничка заедница за претседателските избори како што тоа наводно го направил претходниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во случајот со Борис Трајковски, Мицкоски рече дека нема намера да да пие такво кафе со партиите на Албанците и нема да договара трговија со гласовите.