Мицкоски и Орбан му беа на гости на Јанша во Цеље ФОТО

304

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера присуствуван на изборната конвенција на Словенечката демократска партија на Јанес Јанша во Цеље, каде има и свое обраќање.

Покрај Мицкоски, гости бие и унгарскиот премиер Виктор Орбан и лидерот на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент, Манфред Вебер.

Во своето обраќање Мицкоски пред присутните истакна дека настанот на кој се обраќа е предвесник на промените кои ќе се случат во пријателска Словенија и регионот.

– На овие избори граѓаните ќе одлучуваат која патека да се избере. Јас сум убеден дека Словенците ќе ја изберат вистинската, патеката на стабилност и подобар живот. Посветли денови доаѓаат. Словенија ќе биде промената која Европа чека да ја види. Словенија ќе го означи почетокот на промените во регионот и поразот на владите кои не работат и не придонесуваат ништо за граѓаните – истакна Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека за да се случат тие промени од најголема важност е да се даде понуда која ќе овозможи подобар живот на сите Словенци, понуда која ќе отвори нови перспективи и ќе изгради подобра иднина за сите и за регионот во целина.

– Секогаш може да биде подобро, Словенија заслужува подобро. На граѓаните им е потребен економски раст, перспективи и извесна иднина. Силни индвидуи кои ќе предводат и ќе овозможат шанси за сигурен напредок е она што им е потребно на граѓаните – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека Јанес Јанша го има најдобриот тим и дека неговиот стремеж е Словенија која гради мостови, која станува повторно силна, Словенија која е отворена кона Светот и има силни пријателства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...