Мицкоски и на Хан му кажал дека ќе седне со Заев само ако има датум за предвремени избори

Мицкоски ги истакнал забелешките на предлог законот за обвинителство посочувајќи дека ниту еден криминал не смее да остане имун на правдата и дека на тој план не се потребни компромиси.

937

Загриженост поради застојот во европските интеграции и недобивањето на датум за преговори како и загриженоста поради отсуството на волја кај владата во справувањето со  растечкиот криминал, скандалите и висока корупција која е присутна во највисоките ешалони на власта, изразил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

– Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина – вели Мицкоски.

Тој истакнал дека немањето на волја за справување со корупцијата и сомнежите за криминал се гледа и во предлог законот на премиерот Заев за организирање на обвинителството каде наместо непристрасна борба против корупцијата се нудат решенија кои ќе бидат алатка за политички притисоци и заштита на криминалот.

Мицкоски ги истакнал забелешките на предлог законот за обвинителство посочувајќи дека ниту еден криминал не смее да остане имун на правдата и дека на тој план не се потребни компромиси.

За европската перспектива на земјава, Мицкоски посочил дека граѓаните не треба да бидат казнети поради лошите политики на неодговорната власт и затоа ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребно да се додели датум за преговори со Европската Унија што би било и дополнителен механизам за контрола на власта.

Лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека услов за нова лидерска средба и дијалог со власта за повеќе прашања е одредување на датум за предвремени парламентарни избори како начин за враќање на процесите на вистинскиот правец и обезбедување на европска иднина за Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека ги цени напорите и заложбите на Европската Унија за напредок на земјава и нејзиното инсистирање за реформи кои ќе бидат за добробит на граѓаните на Република Македонија. Тој посочи дека европската иднина на државата е единствената алтернатива за вистински напредок и низ еден партнерски однос со Унијата економски и политички да се унапредува нашето општество.

Мицкоски ги истакнал забелешките на предлог законот за обвинителство посочувајќи дека ниту еден криминал не смее да остане имун на правдата и дека на тој план не се потребни компромиси.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...