Мицкоски им се пожалил на корупција на Жбогар и на амбасадорите од ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврнал и на, според него, катастрофалните економски резултати на актуелната Влада кои резултираат со осиромашување на граѓаните.

301

Актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија била тема на денешната работна средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со амбасадорот на ЕУ и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ.

На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги информирал амбасадорите за, како што потенцирал, бројните системски злоупотреби кои се извршуваат од претставници на владејачката коалиција.

– Недостатокот на демократскиот капацитет, креирањето поделби, како и нереализацијата на реформите државата ја оддалечува од европската агенда и не сврстува во редот на најкорумпираните држави – истакнал Мицкоски.

Тој се осврнал и на, според него, катастрофалните економски резултати на актуелната Влада кои резултираат со осиромашување на граѓаните.

Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што верува дека е стратешки интерес Република Македонија што поскоро да стане дел од Европската унија и оти ќе го поддржи секој процес кој што е во таа насока.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...