Мицкоски за хеликоптерите: Фалком млазен авион да изнајмат ќе платат 3.000 евра на час

5779

Покрај ударот на националните интереси од страна на власта, во Македонија се случува и тотален грабеж на државата и на граѓаните, се краде од хигиеничар до министер бидејќи, ако првиот е по тој спорт тогаш сите надоле мислат дека така треба, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од средбата со жителите на Општина Вевчани.

– Додека ветуваат пљачкаат, набавија тендер и фирми и дадоа 24 дена стара фирма за да може 10.000 евра да книжи за 15 минути. Епа фалком млазен авион да изнајмат 3000 евра се плаќа на саат. Ние за 15 минути на некои со 24 дена стара компанија ќе му го полниме џебот, всушност му го полниме џебот на оние од врхушката на власт. И замислете таа фирма си го добила пред 24 дена истото име како што е името и на проектот, само додале ДООЕЛ. 500.000 милиони евра сакаат да фрлат во неповрат. Да не ги погребаат провизиите и да фатат ниџум. Ете тоа е она кое што денеска ни се нуди, пљачка на голема неотворена сцена, крај слугувањето, покрај националното понижување, покрај слугувањето, покрај подредената кичма, ние денеска имаме плачка на отворена сцена во секој пора на општеството без разлика дали е локална или централна власт. Се краде од хигиеничар до министер, секој денеска си го бара своето, зошто, а зошто да прашате, затоа што гледаат од првиот, ако првиот е по тој спорт сите надоле мислат дека така треба – посочи тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...