Во интервју лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Курир, ја коментира и изјавата на Стево Пендаровски -„доколку не би бил претседател, би се отселил од државата“.
– Претседателот Пендаровски одбран од партијата која е 3 години на власт сакал да ја напушти државата зошто тука не се живеело. Би му кажал таквото негово поразително чувство да му го каже на неговиот шеф Заев, бидејќи тој три години ја води државата во амбис. Има ли поголемо признание дека не и оди на власта, односно дека прави пустош со државата, и тоа директно од човекот коj го направија претседател со рекорд од по 3 секунди гласање во минута. А, јас кога би бил Пендаровски прво би заминал од местото претседател после вакво едно признание затоа што не прави ништо да ја смени реалноста од позицијата која ја има. Дополнително, какво е тоа лицемерие дома, пред своите граѓани, и премиерот и претседателот да велат дека дошол живот, а надвор, веднаш чим ја поминат границата да велат тука нечини, треба да се заминува. Ние знаеме дека нечини, но тие се кои прават да нечини.
Значи, оние кои треба да го донесат лекот ни велат најпаметно е да се иселиме, јас велам најпаметно е да ги вратиме иселените и да ги задржиме оние кои се тука преку менување на работите и создавање на обнова која ни треба, а оние кои не доведоа до тука, прво нека одговараат за тоа што се огрешиле, а потоа нивна е желбата кај сакаат да одат.Очигледно Пендаровски и Заев си ги поделиле задачите, и сега Стево има задача да ги собира гласовите и поддршката која Заев ја нема или ја губи, и така, слично како и во судството да си ја префрлаат одговорноста додека и двајцата се истрата страна на паричката – вели Мицкоски.