Мицкоски: За Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ

122

За нас нема алтернатива, освен она кое што го зборуваме цело време, а тоа е полноправно членство во рамките на Европската Унија, одговори денеска Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со декларацијата за мал Шенген донесена денеска во Охрид на средбата помеѓу премиерот Рама, претседателот на Србија Вучиќ и премиерот Заев.

Мицкоски коментираше:

– Но и во минатото кажавме, и ќе повториме дека секоја можност која Македонија може да ја искористи, а да се подобри квалитетот на животот на граѓаните, треба да се искористи, но тоа се решава со билатерални договори. Јас навистина немам информација какви се одлуките, што се разговара, што потпишува Зоран Заев, иако морам да признам дека за време на нашата последна лидерска средба во кабинетот кај претседателот Пендаровски побарав објаснување. Тогаш добив објаснување од две реченици кое што буквално не беше ни на ниво на енциклопедиско објаснување а камо ли за некакви суштини. Така што од она што можеме да го слушнеме на нивните прес конференции и од она кое што циркулира во јавноста, не можам да извлечам точен заклучок за што точно се работи, ниту пак имам било каква информација, но ќе повторам, за Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во рамките на Европската Унија – рече Мицкоски. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...