Христијан Мицкоски во ТВ дуелот вечерва на МРТВ со премиерот Зоран Заев критикувајќи го судството се осврна на последните судски пресуди во случаите „Поткуп“ и „Тенк“, и во иронија му рече на лидерот на СДСМ.
-Или сте потомок на баба Ванѓа или на некој друг начин ги дознавате судските пресуди. Имаме претседател на Влада кој точно ги претскaжува и ги најавува последните две судски пресуди за важни судски случаи во Македонија – рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.
Мицкоски, понатаму во делот на дуелот кој се однесуваше на надворешната политика, рече дека за време на лидерската средба го молел премиерот да не излегува со изјава дека го прифаќа пакетот со Илинденска Македонија, но тој не го послушал. Кога Мицкоски побара од Заев да каже дали тоа се случило на лидерската, тој рече дека Мицкоски не кажал ништо.
-Господине Заев, вие не само што лажете, туку сушите – рече Мицкоски.
Заев додаде дека не се сеќава што му рекол Мицкоски и дека тој самиот одлучува каква изјава ќе даде пред граѓаните.
Заев: Нема патриотизам на празен стомак.
Мицкоски: Бев кај премиерот на Унгарија Орбан, срам ми беше да го погледнам во очи бидејќи ми кажа дека неговата земја расте 5 проценти, додека ние сме нула.