Мицкоски: Заев е мој противник, Мијалков е завршена книга

Никола Груевски е жртва на политички прогон од страна на актуелната власт, констатираше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа.

1766

Никола Груевски е жртва на политички прогон од страна на актуелната власт, оцени претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за телевизија Алфа коментирајќи ја одлуката на Кривичниот совет да ја одбие жалбата на Груевски за одложување на издржувањето на затворската казна.

– Чинот ја потврди тезата за политизираното судство. Никола Груевски е жртва на политички прогон. Кога тие беа опозиција сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од Македонија, а сега е осуден за стекнување нематријилна корист. Груевски најпрвин во Парламентот не му го одземаа мандатот, а Кривичниот совет покажа дека е вршен притисок. Груевски во случајот добил добивка да се вози со возилото, кое и сега го користи владата. Пред емисијава и јас слушнав дека веднаш по приемот на одлуката, ќе треба да се јави во затвор. Навистина сме разочарани – рече Мицкоски.

Тој не сакаше да го коментира второто писмо од Сашо Мијалков и рече дека тоа за него и завршена книга и дека негов политички противник е Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...