Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција го нарече премиерот Зоран Заев воајер, алудирајќи на прислушуваните разговори.
– Во Македонија правдата ќе ја победи неправдата. Знам дека во оваа држава имаше еден воајер, кој поминуваше часови во слушање на тие гласови во 2014-2015 година, кога ги објавуваше тие бомби. Го предупредувавме тогаш, а за жал денеска македонската јавност е сведок на овие случувања. Одговорноста е единствено кај овој воајер. Што се однесува до Законот за јавно обвинителство, нашите принципи се преточени во предлог-амандмани. Да одиме во Собрание и да го излагасаме Законот за јавно обвинителство – истакна Мицкоски.