Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја имате целата почит. Дозволете ми да ја разобличам лагата која Зоран Заев сака да ви ја сервира, лажно прикажувајќи дека наводно ќе ви ја зголемел платата, и тоа сака да го продаде како негова голема широкоградост, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео обраќање.
– Вистината е дека ова зголемување кое ви се ветува е задоцнето и прмало. А, уште поголемата вистина е дека Заев наместо да даде, ви одзема од вашите плати кои чесно ги заработувате и кои ви се гарантирани со Закон за минимална плата и Колективен договор во образованието!
Согласно потпишаниот Колективен договор кој има сила на закон и законот за минимална плата на наставниците и професорите платата се пресметува како резултат на минималната плата која се исплаќа во државата помножена со коефециентот на сложеност за вашето работно место кој во моментот изнесува 2,533.
Поточно, ако знаеме дека согласно закон за минималната плата, минималната плата во државата изнесува 12.500 денари, и ако оваа сума се помножи со коефицинетот 2,533, ќе дојдеме до сумата од 31.660 денари, сума која треба да биде просечна плата во образованието, односно Ваша плата. Да повторам 31.660 денари! Доколку ако ја земеме најавата за нова минимална плата која треба да изнесува 14.500 денари, вашата плата согласно колективниот договор и законот за минимална плата треба да биде 36.800 денари, да повторам 36.800 денари.
Што прави Заев деновиве соочен со својот политички крај и извесен изборен пораз?
Тој се обидува да ви продаде лажна слика дека наводно ви ја зголемува платата со најавеното покачување од 10 отсто.
Просечната плата во образованието која изнесува 23.680 денари, ветува дека ќе ја зголеми за 10 отсто или апсолутно за 2.360 денари, и таа вашата просечна плата ќе достигне ниво од 26.000 денари. Доаѓаме до вистината,
По закон просечната плата во образованието денеска треба да изнесува 31.662 денари или доколку постоечката минимална плата се зголеми на нивото од 14.500 денари тогаш по закон вашата плата треба да изнесува 36.800 денари, согласно најавата на новата минимална плата.
А, Заев дава 26.000 денари, Заев не ја зголемува вашата плата, Заев ви одзема од Вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието. Заев просечно ви одзема по 5.600 денари месечно согласно старата, односно речиси 11.000 денари согласно најавената минимална плата!!! Тоа е срамот и тоа е Заев, човек кој говори измами и кој не ја почитува вистината – рече Моцкоски и вети дека како што рече, по победата на претстојните избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јас како предводник и човек на којшто вие сте му ја дале довербата,и ваш колега во образованието, во целост и комплетно ке го испочитувам колективниот договор и законот за минимална плата кој ви гарантира заслужена заработувачка.