Со цитат од повикот на Илинденци 1903-та, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи најави дека утре за Илинден ќе биде во струшкото село Ташмаруништа.
Тој наведува дека по повеќе од едно столетие Македонија е соочена со предизвици, исто така големи, значајни. Илинденскиот завет, посочува Мицкоско, денес е завет за сигурна, стабилна, просперитетна Македонија, признаена, интегрирана, држава на среќни граѓани. Но, овој стремеж, според него, денес е напаѓан од неодговорни политичари, од политичари кои своите лични агенди и кариери ги ставаат пред интересите значајни за народот и земјата. И тоа мора да се промени.
„Истите оние од политичарите кои денес велат ДА, се токму оние на кои народот ќе им рече НЕ за сите погубни политики, за секое одземено достоинство, за секоја неправда и направен криминал. Не може на Македонија да и донесат Европска Унија истите оние кои на власта гледаат како мегдан за личен профит и бизнис, нема Европска Унија кога нема работа и реформи, ама има сомнителни тендери, криминал, непотизам. Не може да дозволиме лицето на Европската Унија да биде извалкано од ликови како Заев, Шеќеринска, Анѓушев оптоварени со сомненија за криминал, аболиција, хедонизам“, пишува Мицкоски.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI