Мицкоски: Европа е далеку, колку што е далеку Заев од неговото воспитување ВИДЕО

1439

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари посета и средба со граѓани во градот Ресен, каде што посочи дека ова се судбоносни историски моменти за нашата држава, за нашата нација, за сите граѓани на Република Македонија, бидејќи секоја генерација има своја битка.

Мицкоски се осврна и на реалните проблеми со кои се соочува секојдневно граѓанинот на Република Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и во иднината секогаш кога ветувала и секогаш кога предложувала решенија за реалните проблеми таа ги спроведувала. Од друга страна митинзите на СДСМ и Заев се одржуваат на полупразни плоштади, булевари, а откако тие увидоа дека граѓаните не ги поддржуваат нивните лаги одлучија да се служат со закани, притисоци, да полнат комбиња, автобуси – изјави лидерот на опозициската партија.

Мицкоски кажа дека со СДСМ раководат истите луѓе кои во времето на транзицијата, како што рече, ветувале промена на Уставот, на знамето, за да и тргне на државата.

– Најпрвин беше влог времената референца, потоа беше влог Уставот, а потоа беше влог и знамето. И сега без срам во највалканата и најлажливата кампања на СДСМ во поновата историја на независна Македонија не убедуваат насмеани, весели дека ќе не однесат во Европа само да си ги спасат привилегиите и кариерите, а во суштина сакаат да го сменат името, да се откажеме од идентитетот, да тоа се тие истите лажливи остатоци на транзицијата кои на ниски страсти и лажливи ветувања го темелат своето политичко битисување – рече Мицкоски и додаде дека Европа е далеку, колку што е далеку Заев од неговото воспитување.

Тој посочи дека со документот кој Заев го склучи со Грција практично иако се споменува во преамбулата повелбата на ОН таа се прекршува бидејќи во својата суштина таа подразбира немешање во внатрешните работи на земјите, а со договорот, како што кажа, целосно се задира во внатрешните работи на нашата земја и нејзиниот идентитет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...