Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со Кристијан Хелбах, Специјален координатор за Западен Балкан, Турција и земјите на ЕФТА во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, соопшти партијата.
На средбата се нагласија силно развиените билатерални односи помеѓу Сојузна Република Германија и Република Македонија како и потребата од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во Европската унија и НАТО.
Во врска со Договорот со Република Грција Мицкоски потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува во рамките на веќе укажаните забелешки и дека Партијата не може да го поддржи истиот.