Мицкоски до Тимоние: Го подржуваме секој процес ако е во насока на јакнење на демократијата

418

Актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата, се темите за кои разговарале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

– Мицкоски на средбата информираше за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.Тој посочи дека таквото однесување на власта е далеку од европските вредности кон кои се стреми државата.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за се полошата економска ситуација во која се наоѓа земјава. Заради неспособноста на власта да обезбеди економски раст и катастрофалната реализација на капитални инвестиции граѓаните живеат се полошо, соопшти партијата.

Двајцата соговорници се осврнаа и на реформските процеси важни за приклучување на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ го подржува секој процес, доколку истиот е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес за граѓаните.

На средбата било истакнато дека од огромно значење е поддршката на Република Франција за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но за тоа неопходно е земјава сериозно да се зафати со реформите, каде што за жал моментално власта сериозно заостанува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...