Мицкоски до Ордановски: Ќе повикате ли да се истражи како се делат плати на новинари?

3908

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Печат на неделата“ на телевизија 1ТВ, рече дека одредени медиуми ги плаќаат своите новинари на нелегален начин, и му постави прашање на Сашо Ордановски како новинар и колумнист дали би ги свикал органите на прогонот да го испитаат овој случај каде што плататa на новинарите дел се исплаќа на рака што е нелегално, а дел на жиро сметка.

– Вие сте човек застапник за правото и правдината, ги читам вашите колумни. Јас имам информација и знам дека одредени телевизии дел од платата на новинарите ја даваат жирално, а дел на рака. Ќе ги повикате ли органите на редот да го истражат тоа – праша Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...