Актуелната политичка состојба, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција, биле темите за кои разговарале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, соопшти партијата.
Мицкоски истакнал дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес, а дека Македонија и ВМРО-ДПМНЕ на САД гледаат како на најголем свој партнер и сојузник. Тој подвлече дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово не прифаќање, соопшто ВМРО-ДПМНЕ.
Соговорниците се согласија дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели.