Мицкоски до Мичел: Владата нема капацитет да спроведе реформи

349

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски се сретнал со Дерик Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ) и го информирал за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон евро-атланската агенда на Република Македонија како долгорочен стратешки интерес на нашата земја, и ја истакнал улогата на САД како стратешки партнер во тие процеси. Мицкоски изразил загриженост поради застојот на тој план која пред се е поради неспособноста и некапацитетноста на владата да испорача реални резултати, соопшти партијата.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврнал и на некапацитетноста на власта да се справи со корупцијата и да ги спроведе потребните реформи. Тој исто така посочи дека власта нема демократски капацитет и ги злоупотребува државните институции за свои лични интереси, се поприсутни освен корупцијата се и непотизмот, матните тендери и други незаконски активности, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...