Актуелната политичка и општествена ситуација во државава, можностите за соработка и стратешките приоритети на државата биле дел од разговорите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со британската премиерка Тереза Меј, соопшти Центарот за информирање на ВМРО-ДПМНЕ.
– Мицкоски истакна дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат се потешко. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Владата демонстрира недостаток на демократски капацитет, но и нетранспарентност во однос на најчувствителното прашање, спорот со името. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворени и поинтензивни односи со Велика Британија базирани на пријателство и меѓусебно разбирање – стои во соопштението.