Зоран Заев континуирано лаже и ги извртува фактите и граѓаните тоа го гледаат. Ќе го прокоментирам во три работи коишто се дел од неговиот репертоар за заевизмот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од митингот во Тетово.
– Го гледам пред некој ден во Битола беше гостин гостуваше на митингот на неговиот деспотски избран кандидат господинот Пендаровски и рече на телевизија не им дадовме предвремени парламентарни избори затоа што ќе не искршеле. Не само што ќе ве оддувавме како бура ако ги распишевте, туку таа бура ќе биде толку силна што на следните парламентарни избори нема да знаете што ве снашло господнине Заев. Потоа вели во истото тоа интервју дека не било точно оти он ми нудел 5 министерски места, а претходно на една друга телевизија тврдеше дека жив не би правел техничка влада. Но јас го потсетив дека тоа беше јулски ден, топол, и заедно во клубот на пратеници преговаравме, разговаравме дискутиравме во тоа време за актуелните политички теми и после неколку часовно договарање и преговарање господинот Заев ми рече ајде да ја поделиме власта. И тогаш но и сега ќе му кажам оваа работа господнине Заев јас не ја правам ниту за бели дворци, ниту за златници, ниту за слава ниту за моќ. Јас сум човек со чест и достоинство, овие луѓе овде се честити луѓе со достоинство и за нас нема цена со која што и едно министерство би делел со тебе. Нема таква цена господнине Заев – рече Мицкоски.
Тој порача дека треба да се врати македонизмот во Македонија и дека на ВМРО ДПМНЕ му е потребна победа на претседателските избори која е извесна за потоа да се случат предвремени парламентарни избори каде ВМРО ДПМНЕ ќе го претстави својот план за развој на државата кој ќе понуди совршени решенија за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните.