Мицкоски до Даниелсон: Корупцијата и криминалот го разјадуваат општеството, владата ги заштитува

133

Актуелните политички случувања, стратешките приоритети на државата како и реформските процеси клучни за остварување на стратешките цели на Република Македонија, се темите за кои разговарале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски со директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, заедно со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, соопшти партијата.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на своите соговорници им ги посочи слабите резултати на власта на полето на реформите кои се од суштинско значење за членството на Македонија во Европската Унија. Мицкоски напомена дека власта исклучително заостанува со реформите од областа на правосудството, справувањето со корупцијата како и заштитата на животната средина.

Тој посочи дека корупцијата и криминалот го разјадуваат општеството, а владата се става во улога на заштитник.

Мицкоски, истакна дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес и токму поради тоа на Македонија и е потребна Влада посветена на реформските процеси.

Соговорниците беа согласни дека Евроатланската интеграција на Македонија е клучна за стабилност и просперитет на Балканот, а поддршката на Европската Унија е клучна за остварување на стратешките цели на државата, стои во соопштението.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...