Мицкоски: Дојде време за политичка пензија господине Заев

386

Дојде време за политичка пензија господине Заев, но ние ви ветуваме дека таа политичка пензија нема да ви биде спокојна, бидејќи за сиот криминал што го сторивте изминативе две години за сета неправда, за сите понижувања и омаловажувања ќе одговарате пред законите од првиот па до последниот, па ќе имате време и за потпевнување и за себехрабрење и за бодрење, зато ашто доаѓа правдата и правдата ќе ја победи неправдата во Македонија. А неправда има многу, не само во оваа кампања туку и пред кампањата рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на кампања во Крушево.

Тој додаде дека на оваа генерација повтоно и паднала честа да ја крене Македонија од пепелта којашто ќе ја наследиле и ќе ја остави Зоран Заев и СДСМ .

– Јасно е дека тука во Крушево ќе победи Македонија, и јасно е дека гласот којшто сакав да го донесам, пред мене стигнал во Крушево, дека ВМРО-ДПМНЕ победува. Но, мораме да победиме затоашто и веднаш потоа после поразот на 5 мај  ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори за да можеме назад на народот да ја вратиме државата – посочи Мицкоски

Мицкоски упати прашање  до кога господата од СДСМ ќе се срамат да пеат „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“.

– Денеска е годишнина од насилството на Смилковско езеро, од смртта на тие дечиња. Се сеќавате кога беше опозиционер на безсрамен начин даваше изјави дека луѓето коишто се осудени не го направиле тоа тоа злосторство, дека биле други. Денеска ќе го потсетиме и на таа лага. Што направи кога дојде на местото коешто е сега. Веднаш ги ослободи тие луѓе и тие луѓе избегаа од Македонија. Таа неправда продолжи со Мартин Нешковски, со Мартин Јанушев со малиот Саздо, каде се сторителите, луѓето кои ги одзмеаа тие  човеки животи. Тие луѓе денска шетаа слободно затоашто се блиски до деспотот Заев – посочи Мицкоски.

Мицкоски од Крушево порача дека овој народ е како пиреј и еден да остане нема да му го заборави ова и нема да помине неказнет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...