Од пред еден месец полицијата го обезбедува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека обезбедувањето му е дадено на негово барање и по направена проценка од страна на МВР.
– Секоја јавна личност, лидер на партија, политичар, новинар, пејач има право да побара полициско обезбедување доколку се чувствува загрозен. МВР прави проценка и потоа решава дали ќе му даде обезбедување или не – објаснуваат од МВР.
Од ВМРО-ДПМНЕ чиј лидер е Мицкоски не кажуваат која била причината тој да побара полициско обезбедување.
Покрај Мицкоски, од други поранешни политичари и фунционери на ВМРО-ДПМНЕ полицијата го обезбедува уште само Никола Груевски.
Неодамна, МВР го повлече полициското обезбедување на поранешниот прв човек на тајната полиција Сашо Мијалков.