Мицкоски: Длабоко неуспешен референдум

1252

Македонија денеска соопшти дека Договорот не поминува. Имаме длабоко неуспешен референдум, политиката на Зоран Заев доживеа дебакл, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конфернеција.

– Бројот на граѓани кои не дадоа поддршка, односно бројот на граѓаните кои апстинираа е драстично поголем од оние кои гласаа за Договорот. Договорот со Грција доби стоп од народот, а не зелено светло. Народот покажа исклучителна демократска и патриотска свест. Граѓаните кои одбраа со апстиненција да кажат што мислат ја испратија најгласната порака „Ова е Македонија“ – рече тој.

Мицкоски обвини за обид за фалсификување на волјата на народот во некои општини и рече дека за тоа ќе се бара одговорност.

– ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе ве победиме. Ова не е само пораз за Договорот со Грција, туку и за криминалот на власта. Власта го изгуби легитимитетот и треба да ја почитува волјата на народот. Тоа што не успеа овој референдум е директна вина на Зоран Заев, затоа што склучи лош Договор – порача Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...