Мицкоски: Димитров се срами од нацијата, Спасовски е џелат на неправдата, а Пендаровски еднаш веќе загуби

1162

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на конвенцијата на партијата за избор на претседателски кандидат во својот говор „удри“ по тројца од најголемите фаворити на власта за претседателските избори.

Иако не спомена имиња, јасно ги прозва министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

– Најсериозен кандидат им е човекот кој е пишувач на колективната неправда, пишувач на тој договор. Човекот кој доживеа дипломатски дебакл, не го сочува достоинството и идентитетот, а сега ќе ја бранел државата, човекот кој се срамеше од сопствената нација – рече Мицкоски.

Другиот, рече тој, е џелатот на неправдата кој полицијата ја користи како своја приватна подружница кој нема расчистено големи криминали.

– Третиот е оној кој еднаш загуби на претседателски избори, кој знаеме какви ставови имал и какви навреди имал кон народот – рече Мицкоски.

Што друго порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на конвенцијата прочитајте ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...