Мицкоски: Два века затвор не можат да донесат правда

596

Денес на дело граѓаните го видеа Заевизмот, со сета своја бруталност и неправда  нанесена на луѓето од 27 април. Целта на ваквото брутално погазување на правото е внесувањето на страв, што впрочем е уште еден доказ дека власта е во паника и очај, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со граѓани на Неготино.

– Судството и обвинителството го испорачаа она што беше побарано од нив да се испорача, а нарачателот на политички монтираниот случај е во зградата на Владата од каде ги диктира пресудите. Македонија е држава во која правото е погазено, затворските казни долги 2 века во ниеден случај не можат да донесат правда, туку уште поголема поделеност во општеството за која директен виновник е Заевизмот – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека драконските казни нема да ги смират страстите во редовите на СДСМ, ниту пак дека власта на овој начин ќе демонстрира моќ, туку напротив со ова ја покажуваат својата немоќ и страв бидејќи ја губат власта пред своите очи.

– 211 години затвор за оние кои од патриотски побуди биле учесници во настаните од 27-ми април и за полициските службеници кои биле единствените кои реагирале тој ден е неправда – смета Мицкоски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...