Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО – ДППМНЕ вечерва изјави дека партијата нема да ги напушти дијалогот во процесот Жан Моне, туку дека го замрзнуваме на одреден период зошто на деветти пратеник му се симнува имунитетот.
– Го повикувам премиерот Заев да седнеме и да разговараме на каде ќе оди оваа држава, да се договориме како понатаму. Стојам на располагање, вака не оди. Повикувам да се случи таква средба – рече Мицкоски.