Се возите во мерцедесот на Никола Груевски, седевете во барокната зграда. Опкружени сте со соработниците на Груевски. Вие сте опседнат со Греувски. Оставете го веќе еднаш, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на експремиерот Зоран Заев.
– Ајде да зборуваме за вистински реформи. Зошто вашиот адвокат правеше интервенции? Зошто барате амнестија за вас? Ве гледам во очи и ви кажувам дека сите што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред правдата. Овој закон што вие го донесовте, токму тоа не го дозволува. Ве гледам во очи и ви кажувам дека ќе одговарате – рече Мицкоски.
Заев кратко одговори дека Законот за јавно обвинителство бил потврден од Меѓународната заедница и дека тој е навистина фер и правичен закон.