Мицкоски ги продал уделите во хидроцентралите

1566

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Макфакс“ рече дека ги продал уделите од седум проценти во хидроцентралите за кои антикорупциската комисија отвори предмет.

Тој изјави дека не однел снимки во Будимпешта од домот на Орце Камчев од аферата „Рекет“ и дека тоа се „злонамерни шпекулации“.

– Со Груевски немам комуникација откако ја напушти Македонија, а со господинот новинар не се познавам – рече Мицкоски.

Бизнисменот Орце Камчев, како што рече, не донирал пари за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...