Му го пренесовме „трас, трас-методот“ за носење на Законот за Јавно обвинителство, „се договорив со Јово“ и сличните методи на кои се носат овие закони. Пренесовме дека тогашниот претседател на Владата не го негираше тоа однесување туку го потврди истото. Господинот Соботка навистина беше вчудовиден, ова беше информација што првпат ја слушнал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на австрискиот парламент Волфганг Соботка.
Тој рече дека „ за ’трас трас’ судство и обвинителство“ ги информирале и другите дипломати.
Откако вчера Врховниот суд на политичките партии им порача да се воздржат од загрозување на независното и самостојно постапување на судската власт и судиите особено во период на избори, Мицкоски денеска рече дека тој не познава ниту еден врховен судија.