Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук во која ги повикува граѓаните да гласаат за професорката Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори ги „заборави“ Албанците.
Во повикот освен Македонците, ги реди припадниците на сите заедници, но не и Албанците.
– Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април, масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова, пишува Мицкоски.