Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски преку својот профил на Фејсбук му се заблагодари на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, поради одлуката лустерите од партиското седиште да се донираат нао македонските цркви и манастири.
„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот штаб а кој беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата „Свети Никола“ с.Љубанци ќе ви е вечно благодарна”, напиша Тарчуловски.